Зошто оваа година сe поништени 31 тендер, а лани 13 во рамки на град Скопје откако е дојдена новата администрација во градот, праша денеска советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Стефан Андоновски.
Дел од тие проекти се клучка на булеварот Словенија со булеварот Никола Карев, проект за набавка во делот на противпожарната единица на град Скопје, набавка на униформи, кружен тек на влез во Сарај, како и проекти за изградба на улици во Бутел и во Карпош.
– Дали сте свесни дека со поништување на овие постапки се случува блокада на град Скопје? Сомнежот е дека намерно се поништуваат затоа што се сака со промена на комисиите да се влијае во нивната работа, односно во избор на најдобар понудувач – рече Андоновски.
Тој праша и што станува со изборот на нов директор на средното училиште „Орце Николов“.
– Според Законот за средно образование три месеци пред истек на мандатот на постојниот директор се носи одлука да се распише оглас за нов директор. Во „Орце Николов“ мандатот на сегашниот директор истекол на 4 септември, а одлука е донесена на 25 август, десетина дена пред истекот на мандатот, и е прекршен законот. Од 4 септември до денеска нема в.д. директор што е спротивно законот кој вели дека во рок од 3 дена треба да се постави директор. Како сегашниот директор потпишува решенија и плати кога има истечен мандат? – праша Андоновски.
Тој ја праша градоначалничката Арсовска дали со нејзиниот однос придонесува вработени да го напуштаат Град Скопје затоа што досега 7,7% од вработени си заминале од работното место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.