ЈСП „Скопје“ на 25 октомври склучило договор со фирмата „Пуцко Петрол“ за набавка на гориво по фиксна цена од 100 денари за литар плус ДДВ, односно вкупната цена на договорот кој се наоѓа на Бирото за јавни набавки е 26 милиони евра за период од две години, објави „СДК.мк“.

„СДК“ пишува дека ЈСП во следните две години ќе плаќа 118 денари по литар (100 денари дизел плус 18 отсто ДДВ), иако на бензинските во моментов цената на дизелот е 86,5 денари.

ЈСП „Скопје“ се соочи и претходно со проблеми, па еден ден немаше јавен превоз бидејќи протестираа возачите кои немаа добиено плати.

Извор: СДК.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.