Од ЈСП – Скопје известуваат дека на 6, 7 и 8 јануари, по повод празниците Бадник и Божик, јаниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Исклучок ќе бидат линиите 11, 11а, 18а, 32, 47а, 55, 55б, 56, 56а, 81, 118, 160 и 164 кои на 6 јануари ќе возат по саботен возен ред.
Во наредните три дена, дежурно ќе работат три билетарници на ЈСП. Дежурни од 7 до 19 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и Зелен пазар. Отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.
Жичарницата ќе работи вообичаено, односно од 10 до 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.