Ленин Јовановски во интервјуто за „Република“ за прв пат откри дека ќе се повлече од протестите, но оти блокадите продолжуваат. Тој исто така најави дека и помалку ќе го има во медиумите за да не дозволи неговото име да биде злоупотребено во политички контекст.

Протестите продолжуваат но оглед на тоа што во изминатиот период моето име стана малку споменувано и врз основа на тоа сака да манипулира и да дефокусира и со тоа да му даде една политичка компомента и да гледа на мене како некаков проблем во целата ситуација и дека е ова потикнато од некакви политички причини и бизнис интереси.

 

Со моето повлекување од јавниот настап од протестите ќе придонесам приватните превозници го решат проблемот а јас да не сум за поткусурување на некои политички недоразбирања и оправдувања сакам да им ги скратам можностите на сите оние кои се обидоа да го дефокусираат проблемот на мене лично или на она што го работам или на моето семејство, на моето појавување во јавноста.

 

Сметам дека на овој начин ќе помогнам да им олеснам на приватните превозници да не бидат жртва на овој проблем и на одредени политички оправдувања како и неспособноста на одредени фактори да се префрлат на мене лично.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.