Господинот Васко Кичевски денес требаше да има прес конференција и да одговори за бизнис интересите на коалицијата Тачела – Ковачевски – Данела Арсовска, велат ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на претседателот на градската огранизација на СДСМ – Скопје.

Наспроти тоа тој имаше низа клевети кои беа насочени кон претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Како поранешно инволвиран во паркинзи на Општина Центар имаме само да му порачаме на Васко Кичевски дека веднаш по промената на власта ќе има ревизија на пораките за паркинг и кривична одговорност за малверзациите направени со тој систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно денеска Кичевски на прес-конференција рече дека „хаосот во Скопје и блокадата што му се случува на градот е во политичка и логистичка режија на Христијан Мицкоски“.

Од едната страна на блокадата е партнерот на Мицкоски – Ленин а од другата неговата градоначалничка Арсовска. Заради бизнис интереси и кавги за тендери со денови трае изживување врз скопјани. Градот е заглавен како 11 години Македонија што беше заглавена, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.