Извршен е вонреден инспекциски надзор на дивоградби во Старата скопска Чаршија, објави Телма.

Од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам потврдуваат дека утрово директорот Фатмир Арифи и надлежни инспектори извршиле надзор по што ќе изготват извештај за постапување. Надзорот е вршен со полициска асистенција, потенцираа од Инспекторатот.

Директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам спроведе вонреден инспекциски надзор со придружба на полициски службеници во Стара скопска чаршија врз објекти кои се бесправни, а се изградени во заштитено старо градско јадро  од култорно наследство во Стара скопска чаршија, соопштија од Инспекторатот.

Станува збор за објекти кои се изградени без дозвола и без конзерваторско мислење кое е задолжително за заштитената скопска чаршија. Објектите биле доградувани и проширувани врз патеки и улички во чаршијата со што е попречувано и движењето во овој културно-историски споменик.

Инспекторатот ќе подготви извештај и ќе преземе дополнителни активности на отстранување на бесправно изградените објекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.