Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, претходно шеф на кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, денеска се пресметувал со обезбедувањето во институцијата, дознава „Република“. Засега не се познати причините за инцидентот.

Во моментот очекуваме одговори од СВР Скопје дали нападот бил пријавен и дали реагирала скопската полиција.

Глигоров на јавноста му стана познат откако побегна од новинарските прашања, кога Арсовска го испрати него да прочита изјава за блокадите и хаосот со јавниот превоз, а таа не се појави на прес-конференција.

Тој беше опоменат за „игноратниот, непрофесионалниот и крајно понижувачки однос кон новинарските екипи“ од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.