Советночката група на СДСМ иницира одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје и предлага мерки за проблемот со ѓубрето кој, како што велат од СДСМ, го создаде неспособната локална власт на ДПМНЕ..
Како што објаснуваат, една од мерките што на седницата во четврток ќе ги предложат за решавање на проблемот со ѓубрето е вклучување на сите јавни претпријатија во чистењето.
Со сиот свој човечки потенцијал, а потоа и со онаа механизација со која располагаат јавните претпријатија да се вклучат во чистењето за што поскоро целосно да се расчисти ѓубрето во Скопје и состојбата да се врати во нормала. Оваа мерка ќе овозможи ЈП “Комунална хигиена” брзо да се врати во секојдневниот работен тек, а ќе превенира и во иднина да не се случува повторно ваков хаос. Очекуваме поддршка од сите советнички групи, вклучително и од мнозинството во Советот од ДПМНЕ. Особено што токму ДПМНЕ со своите кадри, со своите градоначалници во Скопје се диркетно одговорни и тие го создадоа проблемот, велат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.