По утврдување на бесправноста на изградбата на џамијата во Злокуќани, жители на Нерези реагираат дека и во оваа населба се гради верски објект без дозвола.
Станува збор за изградба на верски објект од страна на ИВЗ на катастарските парцели 912/1 и 912/2 во сопственост на ИВЗ и Република Македонија, а кои се наоѓаат во Средно Нерези.
Советниците на Левица поднесоа барање за информации до Општина Карпош кои се однесуваат на овој случај и бараат општинските служби истите јавно да ги соопштат со цел да не се остави простор за шпекулации и тензии, a воедно и да излезат на терен со цел утврдување на фактичката состојба. Изградбата на било какви верски објекти без дозвола е спротивно на законот. Воедно, изградбата на верски објекти не е од никаков приоритет на жителите на Општина Карпош па оттаму бараме наместо верски објекти на територијата на Општината да се градат инфраструктурни објекти од општ интерес, реагираат денеска од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.