Утре недела, 8 мај 2022, во 11.00 часот ќе се одржи мирен протест на родителите и учениците од ОУ Киро Глигоров во Капиштец, Центар, против одлуката на училишното раководство да го оттуѓи игралиштето за кафиќ.

Ние, родителите на ОО Киро Глигоров, Капиштец ве известуваме и воедно ги покануваме медиумите на 8. Мај 2022г. во 11:00 часот во школското игралиште да присуствувате на протестот што го организираме против комерцијалното отуѓување на игралиштето.

При донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“ правно е прекршена законската регулатива и заобиколено е мислењето на родителите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.