Состојбата со хигиената во главниот град Скопје е единствена точка на дневниот ред на утрешниот состанок на градоначалниците од Скопскиот плански регион.
Состанокот ќе се одржи поради тоа што не се собира сметот од Скопје поради протест на вработените во Комунална хигиена.
Како што се најавува, по состанокот, кој ќе се одржи во просториите на Општина Аеродром, градоначалниците ќе излезат со свој став за настанатата состојба.
Скопскиот плански регион го опфаќа басенот на Скопската котлина и зафаќа вкупна површина од 1812 км2 или 7% од територијата на Република Македонија. Овој регион опфаќа 17 општини од кои десет се дел од градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Градот Скопје е составен од следните општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.