Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес беше во велигденска посета на СОС Детско село.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

За мене беше посебно задоволство да бидам денес заедно со дечињата од СОС Детското село согласно традиција на Велики четврток да го украсиме велигденските јајца. Посебно е чувството кај мене што со денешната посета бев причината за среќа кај тие дечиња кои за жал останале без родителска грижа.

На дечињата им подарив велигденски подароци и им посакав добро здравје, многу среќа и успех. Општина Гази Баба негува пријателски однос со СОС Детско село преку реализација на заеднички проекти и тоа ќе продолжи така и во иднина, напиша Стефковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.