По објавувањето на сторијата за Влатко Давитковиќ, кој живее во голема сиромаштија и сам се грижи за своите браќа и сестрата, кои се со посебни потреби, градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски започна акција за помош на семејството, која вели лично ќе ја координира.
Влатко Давитковиќ од Радишани заедно со своите братчиња и сестричката живее во многу лоши услови, недостојни за човек. Во куќа пред распаѓање и гладни стомачиња.
Влатко, Иван, Марина и Мирослав се родени како деца со посебни потреби.
Мој став и стил е без јавност да се помага, но овој пат имам и поинаква цел.
Јас лично ќе се вклучам да му помогнам на ова семејство од нашата општина, ќе им подарам 50% од мојата месечна плата, дополнително со мој налог Општина Бутел ќе додели еднократна парична помош. Ќе ги замолам советниците од Општина Бутел исто така да донираат дел од својот месечен паушал.
Ќе се потрудам да најдам општествено одговорни фирми кои егзистираат на нашата територија и ќе ги замолам да се вклучат во оваа активност, целта е семејството Давитковиќ да добие пристојни услови за живот, нова кујна, апарати за домаќинство и слично.
Ги повикувам сите општествено одговорни фирми и поимотни луѓе од Општина Бутел да ме исконтактираат лично за оваа тема, порача Костовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.