Градинката „Лале“ добива модерен изглед. Градоначалникот на општина Аеродром денеска изврши увид во градежните активности на надворешниот дел од објектот „Лале“, клон на градинката „Срничка“.

Со оваа инвестиција е предвидено градинката да добие современ изглед, како и еколошка и енергетско-ефикасна фасада.

Свесни сме дека нашата општина се соочува со недостиг на места по градинките, но наскоро и овој проблем ќе биде минато. Покрај градинката во Стар Аеродром која наскоро ќе започне со работа, нови градинки и доградба на постојните ќе има и на неколку други локации низ општината, а капацитетите на неколку градинки ќе бидат надградени и проширени, информира градоначалникот Тимчо Муцунски.

Тој потсетува дека од 1 март годинава родителите се ослободени од трошоците што ги издвојуваа за хигиенскиот пакет, додека пак од 1 септември ќе бидат целосно укинати и сите трошоци што се издвојуваат за наставно-образовни материјали за работа по групи во градинките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.