За разлика од претходно, сега јавните претпријатија во овие 4 месеци работат 3 пати повеќе во рамки на своите надлежности и можности. Кога дискутираме во однос на градскиот превоз за ЈП сообраќај Скопје, градоначалничката на Град Скопје има начин како тоа да биде уште по ефикасно и подобро. За многу краток период набавката која ќе ја направиме на нови модели на автобуси и обновување на возниот парк ќе значи многу за Градот Скопје и за жителите на Скопје“, истакна Ѓоко Велковски, генерален секретар во Град Скопје на денешната трибина насловена „Затекнато – реализирано во Град Скопје“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Велковски во однос на градските улици во Скопје, посочи дека во скоро сите општини во Градот Скопје улиците ќе бидат реконструирани или санирани.
Веќе се започнати постапки во Гази Баба за Ул. „Перо Наков“ улица која повеќе од 40тина години не е направена. На Ул. „Бутелска“ веќе тендерската документација е спремна за објавување која 30тина години е во многу ужасна состојба. Следуваат и многу други улици во сите други општини, она што го ветуваме како Град Скопје е да нема ниту една заборавена општина и населба“, кажа Велковски.
Велковски истакна дека дивите депонии за многу брзо односно за неполни 82 една беа исчистени дивите депонии и постојат две стратегии откако ги исчистивме дивите депонии.
Првата стратегија откако ги исчистивме дивите депонии е започнување со запирање на креирање на дивите депонии и втората стратегија е изградба на 5 мега паркови во оние општини каде се соочувавме со вакви диви депонии“, рече Велковски.
Во текот на трибината се обрати и Мартин Стојановски кој што е Советник во кабинетот на градоначалничката Арсовска. Тој се осврна во однос на средбите кои ги имаше тимот од Град Скопје во делот на детектирање на проблемите кои ги имаат граѓаните.
Градот Скопје имаше можност директно да ги слушне проблемите на граѓаните преку тие средби. На тие средби беа детектирани главните проблеми на граѓаните сѐ со цел граѓаните од прва информација до нас ги споделат нивните проблеми кои ги имаат во нивните урбани и месни заедници. Градот Скопје веќе ги детектираше тие проблеми и веќе се започнати со реализација за да се решат тие проблеми. Веќе е направен систем и структура која ги решава тие проблеми и се во фаза на повеќе од 50 проценти во нивна реализација“, истакна Стојановски.
Во текот на трибината се обрати и Филип Јаневски кој што е Советник во Град Скопје. Тој се осврна во однос на посетите во претпријатијата и информациите од претпријатијата.
Тоа се организирани посети, најчесто минимум 2 посети во месецот имаме во одредено јавно претпријатие. Голем дел од ЈП имаат проблем со своите човечки капацитети бидејќи голем дел се оставени без правници, економисти, сметководители и со тоа имаат огромни потешкотии при функционирањето“, посочи Јаневски.
Во текот на трибината свое обраќање имаше и Емилија Ангелова, која што е советничка во Советот на Град Скопје. Таа посочи дека состојбата во градот Скопје е на многу лошо ниво затекната.
Иако состојбата во Градот Скопје е на многу лошо ниво, сепак постои план за реализација на проекти, унапредување, план за градот Скопје повторно да стане модерен град со оглед на тоа што менаџментот раководството и сите служби се на услуга на граѓаните. Градот Скопје повторно ќе биде модерно Скопје и во иднина ќе имаме задоволни граѓани кои ќе даваат само позитивни нешта а сите негативности ќе бидат санирани и завршени“, кажа Ангелова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.