Износ од 300.000 денари ќе биде префрлен од општина Ѓорче Петров како солидарна помош за санирање на последиците од земјотресите што ги погодија Република Турција и Сирија, соопшти денеска градоначалникот Александар Стојкоски, додавајќи дека средствата ќе се спроведат преку Црвениот крст, односно преку посебен Фонд за солидарност.

Им благодарам на претседателот на Советот, Ленче Нелоска и на советниците што покажаа емпатија и хуманост и веднаш излегоа во пресрет на мојот предлог.
Ѓорче Петров е синоним за солидарност и така и ќе остане.
Уште еднаш изразувам сочувство до семејствата на жртвите, а на преживеаните им посакувам побрзо закрепнување.
Никогаш да не се повтори…, вели Стојкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.