Денеска се наоѓаме во Пржино каде што започнуваме со инвестиции во делот на патната инфраструктура, нешто што на граѓаните овде им недостасуваше повеќе од 30 години наназад имено се работи за реконструкција на буквално сите улици во Пржино и на најголем дел на улиците во Црниче проект кој што општината ќе ја чини односно во истиот ќе инвестираме над 13 милиони денари, истиот ќе опфати улици во должина над 6 километри или над 12 илјади метри квадратни патна инфраструктура која што ќе ги подобри условите за живот овде на нашите сограѓани, истакна Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода.
-Изминатиов период интензивно како општина во изминативе не цели 6 месеци работиме на подобрување на условите на нашите сограѓани од сите буквално сегменти на живеењето, во финална фаза сме со реконструкција на улицата Наум Охридски, темелна реконструкција во која што имавме исправка на проектот со продолжување на атмосферската канализација, односно замена на истата од Ф 200 во Ф 500 со што исто така еден долгогодишен проблем во однос на атмосферските води се решава и долгорочно го решаваме изминатиов период направивме целосна реконструкција на улицата Рилски Конгрес долу во Црниче, 680 метри улица инвестираме паралелно и во подземната инфраструктура. Така што како општина сето она што 30 години беше мака и ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци изминатиов период, рече тој.
Градоначалникот понатаму посочи: „Со тоа исто засилено темпо ќе продолжиме и во наредниот период, што значи она што ние сме се обврзале пред нашите сограѓани пред 6 месеци во изборната кампања да биде дел од нашата програма и да го ветиме пред истите, еве во пракса покажуваме дека истото и достоинствено како што заслужуваат нашите сограѓани го реализираме, односно ги подобруваме етапно нивните услови за живот“.
-Сакам денеска да изразам огромна благодарност затоа што една од моите најголеми поддршки е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски кој што денеска е тука со нас. Претседателе, благодарам за вашата поддршка, благодарам на Советот, советничката група која што цело време ми се потпора во изминатиов период. Благодарност и до пратеничката која што ревносно исто така се бори во Собранието да имаме заеднички успех не само на локално, туку и на централно ниво на начин што предлага доста предлози односно амандмани кои што се исто така за подобрување на условите за живот на нашите сограѓани овде во Кисела Вода, истакна тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.