Одржавме состанок со општинскиот кризен штаб за заштита и спасување од природни непогоди, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Она што сакам да ги информирам жителите на Кисела Вода, е дека покрај специјализираните возила за справување со снежното невреме, на располагање ги ставаме и сите службени возила и целокупниот човечки потенцијал.
На состанокот беа донесени повеќе одлуки и мерки со цел заштита и помош на граѓаните. Дефинирани беа критичните точки во општината и се направи план за мобилизација на дежурни тимови, кои навремено ќе реагираат и во текот на ноќта и во деновите кои следат, сѐ до стабилизација на временската состојба.
За очекуваните замрзнати јавни површини, обезбедени и поделени по месните и урбаните заедници, градинките и училиштата, се 400 вреќи со сол.
На располагање стојат неколку камиони специјализирани за чистење на снежните наноси, како и неколку општински трактори со кои ќе се чисти снегот на тесните улици, патеки и тротоари.
Покрај целокупниот човечки потенцијал, општина Кисела Вода на располагање на граѓаните ги става и сите службени возила. Имено, доколку имаат некаква итна потреба и заради временските услови се спречени да ја остварат, можат да се јават на телефонскиот број 075/309-548 (Далибор), да пишат на [email protected] или на фејсбук страницата на Општина Кисела Вода.
Нашите тимови координирано ќе излезат во пресрет на жителите и нивните неопходни потреби.
Ги повикуваме граѓаните да нѐ контактираат и доколку некаде е потребна дополнителна интервенција за расчистување на снежните наноси.
Упатуваме апел до деловните субјекти и сопствениците на јавни објекти на оваа територија за почитување на законската обврска за расчистување на снегот пред влезот на истите.
Воедно, се замолуваат исчистениот снег да не го фрлаат на улиците со што би ја отежнале работата на нашите служби.
Апелираме и до сите жители на оваа територија да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.