Дарко Костовски, градоначалникот на Општина Бутел објави службите се на терен и се чисти снегот во Љубанци, Љуботен и Радишани

Заедно со Град Скопје навремено со брза реакција го дочекавме првиот овогодишен снег.

Службите се на терен и почнаа со расчистување на првите наноси на снег. Во моментот се чистат критичните точки во Општина Бутел, село Љубанци и село Љуботен како и населба Радишани првиот, вториот и третиот влез.

Се чистат и главните улици и булевари кои се под ингеренција на Град Скопје.

Кризниот штаб навремено ја следи целата ситуација, објави Костовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.