За два објекти коишто се планирани за отстранување во последниот месец, ни беа потребни околу 5 милиони денари за да ги оневозможиме да бидат функционални. А за да го отстраниме целите објекти потребни се неколкупати повеќе средства, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски во интервју за РСЕ.
-Се соочуваме со проблем со одредени дивоградби коишто се градат на државно земјиште, во зелен појас. Иако е постапено целосно од наша страна како општина, поставени жолти ленти, пишани казни за отстранување и уривање на диво изграден објект, се соочуваме со огромни финансиски средства кои треба да ги искористиме за нивно отстранување. Нам, за два објекти коишто се планирани за отстранување во последниот месец, ни беа потребни околу 5 милиони денари за да ги оневозможиме да бидат функционални. Се соочуваме со проблем зашто ќе се урнат неколку столба од објектот, тој не е функционален, но во истиот се населуваат бездомници, создаваат дополнителни проблеми во околината, а за да го отстраниме целиот објекти потребни се неколкупати повеќе средства и претставува огромен проблем на општината и на општинскиот буџет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.