По денешните врнежи на снег, екипите на Зимската служба на Општина Илинден се на терен каде со специјализирана механизација се чистат сите улици и патишта кои се во општинска надлежност, соопшти градоначалникот Александар Георгиевски.

На терен делуваат екипите на ЈКП „Илинден“ кои го чистат снегот со цел обезбедување на олеснет пристап и движење на граѓаните во зимски услови.

Апелирам сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината на движење спрема условите на патот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.