Фирмата „Клик медиа 101“ го добила тендерот од над 30.000 евра за електронска наплата на сметките за вода која ја користат над 50.000 корисници на скопски Водовод.

Оваа фирма е основана четири дена откако на директорското столче во „Водовод“ седна Марјанчо Митовски, а основач и единствен сопственик на фирмата е Драган Стефанов, кој не ѝ е познат за јавноста, ниту пак достапен за медиумите. Тендерот е прв и единствен регистриран на фирмата Клик Медиа 101 во Бирото за јавни набавки. За 30 илјади евра новоформирана фирма треба да го одржува и поправа електронскиот систем за наплата, објави Телма.

Во врска со тендерот го доби фирмата со најефтина понуда, а Драган Стефанов лично не го познавам, ниту знам за кого се работи, изјави за Телма  Марјанчо Митовски поранешен директор на ЈП „Водовод и канализација„ Скопје.

Но сметките на Водовод нема да се испорачуваат само дигитално туку и во хартиена варијанта и тоа многу поскапо. Во оваа зделка од милион евра влегува познатата по печатање на Учебници Арс Ламина.

Новиот, трет директор на скопски „Водовод“ Драган Илиевски склучил договор со фирмата АРС ЛАМИНА ДОО Скопје која доцнеше со печатење на училишни книги, но сега за милион евра ќе ги прави и ковертира сметките за вода во рок од 2 години.


Целиот текст на Телма



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.