Шефот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми одржа денес прес конференција на која зборуваше за последните постапки на директорот на КИЦ за заобиколување на употребата на албанскиот јазик, за тенденциите и сценаријата на Алијанса, Беса, ВМРО и Левица за поттикнување на тензии и омраза.
Шефот на пратеничката група на ДУИ, Адеми истакна дека Алијанса за Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост и го прекршуваат Законот за употреба на јазиците за да поттикнат тензии.
Овој чин на директорот на Културно-Информативниот Центар на коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса предизвика многу реакции бидејќи со овој потег партнерите на коалицијата Алијанса за Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост од една страна и од друга страна го прекршуваат Законот за употреба на јазиците кој е веќе во сила, со цел да ги поттикнат меѓуетничките тензии во време кога целиот континент страда поради војната во Украина. Ова може да биде само сценарио кое оди во прилог на Русија, како што беше и сценариото на мнозинството 61, истакна Адеми од ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.