Она кое го очекувам од новата влада секако е 🔎#финансиска длабинска #истрага на целото 4 годишно работење на #Петре #Шилегов и неговиот секретар, #Викторија #Мадиќ [чиј зет ја набави ⛑️🪜пожарната скала од 1,7 милиони евра], пишува на Фејсбук, новинарката Јорданка Ивановска Јоци.
А, потоа секако и на #Данела #Арсовска, која излезе екстремно полоша верзија и од него.
Потребно е детално објаснување на јавноста за набавка на клупите со прост дизајн од 500 евра, ливадата на плоштад од 500.000 евра, ПП скалата од 1,7 милиони евра, интернет сајтови од 75.000 евра кои не постојат и куп тендери кои ги добиваа фирми без наддавања и оштетување на градскиот буџет.
Тука е и процесот за галијата, за кој не е познато дали ќе се плаќа отштета, уривање на објектите во рамки на езеро Треска и бетонизација….
ШИЛЕГОВ можеби се надева дека е заборавен, затоа што го снема по изгубените локални, но тешко дека тие работи се толку прости и невини.
ВМРО-ДПМНЕ, по смената на власта и преземањето на институциите, време е да отвори истраги, затоа што во 2021 ,,возеше” тешка афера за него со мрсни тендери која ја нарекоа ,,#ПРОФИТЕР”. Обвинија и дека Шилегов го зголемил имотот за 500.000 евра.
🔴 И, да, Шилегов може да продолжи да се заебава на неговиот ФБ профил, да вреѓа луѓе кои објавуваат што правел и како правел додека тој се фали дека е милионер, да измислува, да дрка и да се замислува само обичен успешен цивил, кој никогаш не потпишувал и располагал со 4 годишни градски буџети кои тежеа вкупно околу 370 милиони евра.
Но, сепак и на мелодијата ,,дрка дрка џон” ќе и` дојде крајот.
***
И да се потсетиме како Зоран Заев во муабет во струмичка кафана со Веруш јуниор, потврди дека знае што правел Шилегов во минатото, кога беше дел од владината Второстепена комисија, некаде 2005, во време Бучково.
ХХ: #Шилегов? Второстепена комисија. Трпај пари и уживај, капата на криво. И свиркај си.
Заев: Немам дилема околу тоа, јасно ми е. Што бил, како правел, океј е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.