Кадровските решенија во Градот Скопје се огледало на подвоениот и импулсивен карактер на Арсовска која со ова ја зацврснува и ја задоволува коалицијата која е збир на криминалните апетити на СДС, уценетата ГРОМ, фолирантите од Левица и менторите за лажење и криминал ДУИ. Сите овие партии ја сочинуваат власта и ги пополнуваат директорските места во градот Скопје, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
А на Арсовска не и се погодува ниту еден директор кои самата си ги поставува па разрешува затоа што таа ги ускладува апетитите на коалицијата СДС, Левица, ГРОМ, ДУИ. Таа со овие најнови кадровски одлуки го обликуваше злосторничкото здружување по мерка на Арсовска и коалицијата и по налог на нејзе блискиот Драган Митковски Книга за кого се вели дека е градоначалникот од сенка во Градот. Кога да и се верува на Арсовска, кога велеше дека Марјанчо Митовски е најдоброто решение за Водовод и канализација или сега кога го разрешува и вели дека Драган Илиевски кого претходно незаконски го назначи на Зоолошка градина сега е најдоброто решение за ЈП Водовод и канализација? Или во прашање е одржување на нејзиниот криминален интерес за раскрчмување на Водовод и канализација и бизнис интерес за пречистителната станица?, прашуваат од партијата.
Од таму додаваат дека секретарот на градот е пријавуван за семејно насилство, вработени го обвинуваат за мобинг. Градот нема квалитетен јавен превоз, зошто Арсовска им должи на приватните превозници и има пропаднат јавен повик за нови превозници за кој велеше дека ќе биде успешен. Стотици луѓе беа отпуштени од работа во ЈП Водовод и канализација, додека истата Арсовска влезе во војна со синдикатите, во исто време додека ова се случува, таа единствено ги негува криминалните апетити на коалицијата која и ги гласа одлуките СДС-ДУИ, Левица и ГРОМ. Одговорноста за пропаста на градот ја имаат истите тие чии криминални интереси Градот ги поддржува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.