Денеска не се гласаше и расправаше за Проект за нови 250 еко автобуси какви вети Арсовска за „Модерно Скопје“, туку за ново задолжување од 10 милиони евра кое е без објаснување за условите, слепо, без дебата и без план, велат од советничка група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија.

Скопје има потреба од нови автобуси, но не и од задолжување без образложение за нов криминал и задоволување на приватни интереси.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и Коалицијата за Обнова на Македонија нема да поддржи задолжување без објаснување. Нема информации на колку години е тоа задолжување, дали има градот и ЈСП финансиска моќ, од каде ќе е задолжувањето, дали однапред е тоа договорено?

Нема да поддржиме задолжување без да се каже колкава е каматната стапка, каков е грејс периодот и условите за тоа. Арсовска нема информации какви автобуси ќе набавува, на каков погон.

Арсовска беше должна да објасни зошто нема јавна расправа и анкета за новото задолжување што е обврска согласно закон.

Дали Арсовска е сигурна дека со 10 милиони евра може да се купат 50 еко автобуси? Пред истиов совет веќе ЈСП во инвестициската програма предвиди 4 милијарди денари за набавка на хибрид автобуси, какви се тие автобуси, и дали тие автобуси се истите за кои ќе се задолжува сега Арсовска?

Слепа поддршка за ново задолжување дадоа фолирантите од Левица, криминогената ДУИ, и уценетата ГРОМ, а причините зошто се дава слепа поддршка е затоа што се работи за богато корумпирана структура која крева раце за се што е потребно.

Од друга страна СДС прави политика бидејќи го штити своето неработење и хаосот кое само Арсовска го продолжи, велат од советничката група.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.