Продолжуваат хуманитарните акции за помош на младиот Леонид Индов, на кој му е потребно лекување во странство за да закрепне по тешките повреди на `рбетот здобиени во несреќен случај пред неколку месеци.

Вечерва од 18 часот ќе се одржи хуманитарен концерт „Пееме за Лео“ во ООУ „Владо Тасевски“, каде ќе бидат поставени и кутии за донирање.

На 27 и 29 декември, пак, на вториот кат на ТЦ „Рамстор“ ќе се одржат уште две манифестации на кои ќе учествуваат младите центарци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.