Во тек се градежни зафати во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во скопската општина Ѓорче Петров.
Градоначалникот Александар Стојкоски информираше дека се врши реконструкција на подовите во ходниците на долниот кат, а следните чекори се целосно реновирање на тоалетите и изградба на тоалет за деца со посебни потреби и поставување на нова енергетски ефикасна фасада.
Дел од учениците од ова училиште настава ќе посетуваат онлајн.
Напорно работиме на подобрување на условите за изведување на воспитно-образовниот процес согласно најсовремени стандарди во училиштата и ќе продолжиме во таа насока. Поради овие зафати, наставата почнува утре со физичко присуство за децата од прво до трето одделение, додека децата од четврто до деветто одделение во ова училиште ќе имаат он лајн настава со донесена одлука од училишниот одбор, а во согласност со општина Ѓорче Петров. Оваа одлука е со времетраење од 30 дена и за истата е информирано и ресорното Министерство, инфомрираше Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.