Силниот ветер попладнево откорна дрво кое падна покрај основното училиште „Коле Неделковски“ во центарот на Скопје.
Општина Центар и Паркови и зеленило досега немале слух за многубројните молби на жителите на населбата да се исечат старите дрва и голема среќа е што денеска никој не е повреден, а можело да биде трагично, велат граѓаните од Дебар Маало.
Веднаш до училиштето зад Градежниот факултет околу 14 часот очевидците раскажуваат дека огромно дрво паднало поради силниот ветар и среќа што во тој момент немало деца или пешаци на еден од двата влеза на училиштето кои сигурно би настрадале. Учениците од татнежот и силниот удар преплашени раскажуваат дека мислеле оти станува збор за земјотрес, а оштетено е и училиштето од силниот удар на тешкото дрво.
Бидејќи и денеска нема реакција од „Паркови и зеленило“ и од Општина Центар, граѓаните сами се организирале да го расчистуваат настанатиот неред, незадоволни од негрижата што Општината ја покажала за нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.