Со особена чест вечерва сум на посета кај јунакот Сашо Тодоровски од Бутел, соопшти градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски на својот фејсбук профил.

Сашо денес ја спаси соседната куќа на семејството Сали од сигурен голем пожар при палење на електрична инсталација.

Бидејки никој од семејството Сали не бил дома, вратата од оградата била заклучена, при прерипување на високата ограда од соседната куќа Сашо се лизнал и се здобил со телесни повреди и несвестица како последица на падот на неговата глава, при што со заматена свест продолжил кон целта и успешно ја завршил.

Браво Сашо, ти се поклонувам на храброста и искреноста која си имал денес, лично ќе побарам од советот на општина Бутел ова јуначко дело да биде наградено.

Биди човек, не е важно кој си и од каде си !



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.