Членовите на Надзорниот и Управниот Одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, реагираат на денешните напади врз нив и претседателот на УО.

Соопштението го пренесуваме во целост:

Реакција на соопштението на Драган Илиевски, в.д. директор на ЈП Водовод и канализација-Скопје

 

Ние членовите на Надзорниот и Управниот Одбор, на ЈП Водовод и канализација-Скопје, едногласно ги носиме сите одлуки и даваме поддршка на Претседателот на УО на Водовод, Идриз Орана, кој денес беше нападнат како физички, така и преку штурото соопштение на директорот Драган Илиевски, кој се осмели да го вмеша и неговото потесното семејство, со бесрамни лаги напади.

 

Тоа говори за нивото на кое се сведуваат градоначалничката Арсова, која е наредбодавец на овие срамни настани и понизниот извршител, директорот Драган Илиевски.

 

Ние нема да одстапиме во нашето делување, кое е во насока на подобро работење на претпријатието, а во полза на граѓаните на Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.