Општина Центар ќе ангажира обезбедување за детските игралишта на нејзината територија за да се спречи честото оштетување на реквизитите.
Децата во Општина Центар добиваат безбедни, сигурни и сочувани детски игралишта!
По честото оштетување и уништување на реквизитите, припадниците на Друштвото за обезбедување „Екот Гард“ ќе патролираат во близина на парковите и детските игралишта во Центар, ќе водат евиденција и по потреба, ќе соработуваат со надлежните служби во МВР.
Ги охрабрувам сите граѓани кои ќе забележат било какви оштетувања и уништувања на реквизитите и останатите елементи на детските игралишта, да ги пријават до општината на телефонскиот број 075 219 142, за да спречиме поголемо оштетување и уништениот реквизит да биде брзо и навремено заменет – порачува градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.