Општина Аеродром наскоро ќе ги добие најубавите детски катчиња во Градот. На новите лулашки ќе им се радуаат децата од Реонски центар, Ново Лисиче, „Стела“.

Продолжуваме со инвестициите во забавни и рекреативни содржини за најмладите во општината. Во изминатиот период беше извршена реконструкција и изградба на неколку нови детски игралишта во Реонски центар и Ново Лисиче, а од денеска пуштено во употреба е старо-новото детско катче во близина на стара ,,Стела”.
Наскоро, на различни места низ општината дечињата ќе добијат обновени катчиња и забавни содржини изведени според најсовремените стандарди, соопштија од Општината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.