Целосно e обновено осветлувањето на паркингот под Транспортниот центар.
Екипи на Град Скопје викендов целосно го обновија осветлувањето на паркингот под Транспортен центар во делот кај поштата, како и осветлувањето на сервисната улица на тој потег. На овој простор, старите и расипани светилки се заменети со 30 нови светилки, од кои 22 на паркингот, а 8 на сервисната улица – информираат од Град Скопје.
На овој потег осветлувањето не функционираше подолго време, за што имаше и реакции од голем број граѓани. Град Скопје постапува по барањата на граѓаните, а со новото осветлување се зголемува безбедноста на пешаците во овој дел од градот – додаваат од Градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.