Во Големата сала на Советот на Град Скопје, се одржа меѓуинституционална кординативна средба за продолжување на проектот „За безбеден град“.

На средбата учествуваа претставници од средните училишта на Град Скопје и претставници од Одделението за превенција при СВР Скопје, со цел утврдување на понатамошните насоки и активности поврзани со реализацијата на овој проект, согласно со годишната програма на Одделението за превенција при СВР Скопје што се однесува на преземање на превентивни мерки и активности за подобрување на општата безбедност.

Целта на овој проект е подобрување на севкупната и личната безбедност на учениците, а воедно и намалување на сите облици и типови на насилство меѓу учениците, насилство на спортски натпревари и други облици на непримерно и девијантно однесување на јавни места поврзани со младата популација, како и ширење на говор на омраза на социјалните мрежи, вклучително и меѓуврсничко насилство и безбедност во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.