Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Карпош со крајна загриженост ја прими изјавата на градоначалникот на општина Карпош, г-динот Стевчо Јакимовски за можна изградба на 28-катница на територијата на општина Карпош.

Согласно нашите заложби, а во насока за хумано урбано живеење во Карпош и борба против урбаната мафија бараме од градоначалникот на општина Карпош веќе на следната, најавена седница која треба да се одржи на 8 јуни да предложи точка на Дневниот ред со овој ДУП, за Советот на општината да може да расправа за носење на Предлог-одлука за бришење на градежната маркичка за предметната висококатница или поништување на ДУП-от во целина.

Доколку, почитуваниот градоначалник не предложи таква точка на Дневен ред, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на Седницата на 8 јуни, на Советот на општина Карпош ќе му предложи точка на Дневен ред со која привремено ќе бараме суспензија на предметниот ДУП, со што и формално-правно ќе постигнеме забрана за издавање на градежна дозволи за објектот за колективно домување (висококатница).

За оваа иницијатива, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бара поддршка и од останатите советнички групи во Советот на општина Карпош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.