3000 денари за секое првоодделенче. Денес ги потпишав првите решенија со кои ќе исплатиме 3000 денари на семејства кои имаат првоодделенче. Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба оваа година, информираше преку Фејсбук објава градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Тој ги повикува сите семејства од територија на општина Гази Баба кои имаат првоодделенче да дојдат во просториите на општината и да поднесат барање за исплата.

Потребни документи:
Потврда од основно училиште
Извод од матична книга на родени
Копија од лична карта на еден од родителите
Копија од трансакциска сметка.

– Сите семејства кои имаат првоодделенче ќе добијат по 3000 денари еднократна парична помош, додава Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.