Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи жали за состојбите во ЈСП Скопје и како што вели, неможноста Градот Скопје да одговори на уште една јавна услуга на која е обврзан.
Уште првиот ден Владата кажа дека не е вистина дека должи и дека сите обврски кон ЈСП се направени преку блок дотациите. Тие средства се префрлени. Тоа што некој може да толкува одредени законски решенија, без при тоа да ја праша Владата дали може да смета на приходи… Тоа не се обврски, ниту долгови. Затоа мислам овде е нужно единиците на локална самоуправа да седнат и да видат зошто проблемот е настанат. Сметам дека одговорноста треба првично да се побара во управата на претпријатието, а потоа и во Градот Скопје, рече Битиќи во емисијата „Клик плус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.