„Добрите политики кои СДСМ ги остави во локалната самоуправа треба да продолжат, за да продолжи и контиуитетот на пад на загадувањето бидејќи се работи за здравјето на сите нас“ изјави советникот од СДСМ во Општина Карпош, Владимир Бислимовски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека во последните 6-7 години имаше намалување на загадувањето, кое треба да продолжи, но изрази загриженост дека тоа не може да се случува без мерки.

„Скопје беше трет град во светот по загаденост, а ние само ден и пол имавме бесплатни автобуси, денес мерката е укината“ рече Бислимовски.

Советникот реагираше и на буџетот на Град Скопје, изгласан од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица во кои парите за екологија се три пати помалку од претходно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.