Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром, Карпош и Гази Баба.

Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Божин Николов Силни“, а во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците на Булевар „Србија“ околу бензинската Пумпа Окта, општина Аеродром.

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул.„Московска“ згр. бр.5 и бр.7, ул. „Лондонска“ згр. бр.4б влез 1 околу Скопски пазар Тафталиџе, додека во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. „Љубица Георгиева“ зграда бр. 5, општина Карпош.

Како што е најавено, без струја во периодот од 08.15 до 14.30 часот, ќе бидат корисниците од Сингелиќ – ул. 1634, ул. 1635, ул. 4 и ул. 6, во место викано Економија, оштина Гази Баба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.