Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска преку својата „Фејсбук“ страница сподели дел од, како што вели „новогодишната магија“ во Скопје. Во видото кое трае една минута се претставени само кадри од делото од плоштадот кој е украсен, а за тоа колку светла недостасуваат во оваа „магија“ говори и кадарот со светлечките балони кои обично ги продаваат на плоштадот и на крстосниците низ градот.

На социјалните мрежи граѓаните се шегуваат.

Откако на прашањата на новинарите, кои уште од ноември ја прашуваа за плановите околу празниците, украсувањето и програмата, Арсовска одговараше само со – ќе има прес-конференција, таа прес-конференција медиумите и јавноста сè уште ја чекаат. Во меѓувреме беа поставени украси само на дел од плоштадот Македонија, а по малку украси се поставени и на булеварите. За програмата на новогодишната ноќ, пак, дознавме од настапувачите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.