Во овој момент влегуваме во Град Скопје, а нашите автобуси остануваат паркирани кај крстосницата во близина на „Мавровка“, изјави за МКД.мк директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски.

Тој во брзање на влегување во Градот каде тукушто треба да започне седница на Советот, за порталот одговори дека засега нема никакво ветување за решавање на нивното барање – исплата на парите што им ги должи Градот, односно ЈСП.

Не знаеме дали денеска ќе има решение на проблемот, рече Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.