Граѓаните на Град Скопје треба да знаат дека Арсовска и коалицијата со која се владее во градот Скопје, Левица, СДСM и ДУИ беа против амандманот на ВМРО ДПМНЕ со кој се предвидува изградба на капитални инфраструктурни проекти низ цела територија на градот.

Арсовска не си ги изгласа проектите кои беа предвидени во нејзината програма и кои самата ги ветила.

Граѓаните треба да знаат дека коалицијата на хаосот на Арсовска не ги изгласа проектите за:
-Нови кружни текови и реконструкција на улици на Булевар „Србија“ и Булевар „12та Македонска“ бригада, како и К.Ј. Питу и Фрањо Клуз со реконструкција на Фрањо Клуз.

-Нов булевар со надвозник за поврзување на Аеродром и Кисела Вода од булевар „3та македонска бригада“ до ул.„Народни Херои“, нова ул. „Борис Кидрич“ од „3та македонска бригада“ до ул. „Симеон Кавракиров“, реконструкција на улица „Вера Јоциќ“, пробивање на ул. „Есенинова“ до „Антон Попов“,

-Изградба на канализациона мрежа во нас.„Градинар“ и реконструкција на улици во нас.„Усје“, реконструкција и санација на улица и фекална канализација на ул „Христо Татарчев“, реконструкција на ул.„30“ (Љуботенски пат) од скопска обиколница до пат за с.Љуботен, реконструкција на ул. „2“ во населено место Визбегово, реконструкција на ул.„3“ во населено место Визбегово, реконструкција на Стар Качанички пат, проект за изградба на мост преку река “Вардар” помеѓу нас. Маџари и нас.

-Ново Лисиче кај “Вардариште”, проект за изградба на булевар” Хрватска” прва фаза од подвозникот кај Бутел до кружен тек Автокоманда, проект за изградба на уште по една лента во двата правци на ул.” Благоја Стефковски”, Реализација на проект “Трета лента” на булевар “Александар Македонски” од клучка “Агросервис” до “АСУЦ” со готов проект, изработка на проект за изградба на сообраќајно решение “детелинка” на клучката кај “Агросервис”, проект за изградба на улица “15-ти-корпус”.

-Реконструкција на асфалтниот слој на надвозник кај “АСУЦ”, реконструкција на ул.„Волковска“, реконструкција на ул. „Социјалистичка зора“ со Сремски фронт во Ѓорче Петров, реконструкција и санација на ул.“Максут Садик“, реконструкција на ул.„Цветан Димов“, кружен тек помеѓу Ѓорче Петров и Сарај пред мостот во Сарај, санација и реконструкција на ул.„2“ во Долна Матка, асфалтирање на ул.„4“ кај Шишево инфраструктурни проекти предвидени во програмата За модерно Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.