Со спортско рекреативен и хуманитарен настан и богата програма за дечињата од градинките и учениците од основните училишта од општината, денеска во паркот „Авион“ , под мотото „Спортуваме за Аеродром“ се одбележа 17-от роденден на Општина Аеродром, соопшти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

На настанот, на кој присуствувавме со градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, покрај богатата музичка и забавна програма, најмладите имаа можност на десеттина различни полигони низ непосредна игра и активности, да се дружат и спортуваат фудбал, кошарка, бадминтон, одбојка, гимнастика, хокеј на трева.

Пред присутните презентација одржаа извидници од Извидничко поречанскиот одред „Галеб“, а на најмладите преку игра и вежби им ја пренесоа и пораката за значењето на постојаната грижа за природата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.