Данела Арсовска, беше на кроење лозје за св. Трифун. Денот го одбележи во скопски Ѓорче Петров, односно месноста Кучково, каде домаќин беше градоначалникот на општината, Александар Стојкоски. Тој посочи дека чинот на закројување претставува желба за бериќетна и плодна година.

Заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го закроивме лозјето близу црквата Свети Трифун во Кучково по повод истоимениот денешен празник. Чинот претставува желба за бериќетна и плодна година со желби за род на грозјето. По повод денешниот празник беше одржана и богослужба во црквата. Свети Трифун е поим за младост и доследност кон христијанските традиции. Црквата го чествува неговиот ден како ден на лозарите и градинарите. Овој ден за жителите на Кучково и околината е особено значаен и претставува вековна традиција која во иднина заеднички ќе ја негуваме. Нека е за многу години денот!, напиша Стојкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.