Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари работна средба со Балканската коалиција на жени. На средбата се разговараше за интензивирање на соработката на Град Скопје со Балканската коалиција на жени, со цел развој на социјалното и женското претприемништво на локално ниво и нови иницијативи за родови политики.
Преку заедничка соработка ќе покажеме дека заедно можеме да работиме и на локално ниво, во насока на поддршка на развојни проекти за поддршка на социјалното и женското претприемништво. Искучително е важно обезбедување системска поддршка која ќе гарантира економска сигурност и финансиска независност, како и фер третман за овозможување кариерен напредок на жените. – истакна Арсовска на денешната средба.
Од 13 до 20 март во Скопје се одржува Конференција на Балканската коалиција на жени, во која учствуваат претставници од седум Балкански држави, кои заеднички во периодот од 2020 до 2022 година работат на Проектот “Развој на социјалните претпријатија/претприемништво“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.