Европската банка е еден од партнерите во еко капиталниот проект за прочистителна станица за отпадните води. Се очекува проектот да почне во септември.

Ќе се прочистат над 90 проценти од урбаните отпадни води во градот Скопје. Тоа е нешто во значително ќе го зголеми квалитетот на животот на граѓаните. Меѓутоа Европската банка е наш партнер и сакаме сите страни да се почувствуваат дека она што ќе се реализира ќе биде најдобриот избор за скопјани. И затоа верувам дека чесно е да излеземе заедно со нашите партнери со заеднички став што е она што сметаме дека е најдобро е дека треба да го договориме. За овој и се секој друг проект. Посветена сум на тоа да се најде најдоброто можно решение за скопјани и притоа не ме интереси кој и што сака да изнесува надвор како невистини. Ме интересира тоа што скопјани ќе го добијат да е вистинското решение за нив и да не бидат оштетени“, истакна градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на вечерашното гостување во емисијата Вин Вин на ТВ Телма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.