На брифинг во Министерството за култура присуствуваа претставници од компанијата која ја врши реконструкцијата и надзорот на изградбата на Универзална сала која во вторникот пламна во пожар.
Љубин Макаровски, кој го врши надзорот рече дека е можно да има потреба од промена и на новата метална конструкција после вештачењето од страна на институциите.
Ќе има веројатно вештачење и ќе треба да се испита новата конструкција,тоа ќе го прават институти и треба да се покаже дали коегзистенцијата на материјалот не е нарушена. Ако не е, тогаш ќе продолжи со работа. Доколку е спротивното нарушеното ќе се демонтираат делови или ќе се прави нова конструкција, рече еден од надзорниците, рече Макаровски.
Тој откри дека МВР се уште прави увид, записниците не се излезени.
Лазар Арсоски од изведувачот „Универзал Балкан“ и „Актива Штип“ рече дека 70 отсто од старите елементи биле демонтирани и дислоцирани како отпад и се што имало музејска вредностр било извадено уште во 2021 година.
Во Универзална сала изгореа елементи кои требаше да бидат дислоцирани од тој објект. Се што имаше некаква вредност за во музеј, во 2021 беше извадено.
Се запалија стари материјали, иверица, стар челик, алуминиум и сега ние е потешко бидејќи е паднат доле. Имавме елаборат како да извадиме тој челик, сега треба да направиме нов елаборат за тоа како да го дислоцираме тој челик. Универзална сала не изгоре,туку моментот кој што требаше да биде дислоцирани од објектот.
Секоја штета во договорот каков што е и за трети лица, а ќе ја сносат двете компаниишто градат. Секоја штета на челичната конструкција ќе биде заменета со нова, истакна Лазар Арсовски од компанијата изведувач на работите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.