Згрозени, но не и изненадени од трагичната смрт на трите копитари во Зоолошка градинка Скопје и овој пат не би изостанале од осуда кон оваа институција која што низ годините единствено што докажа е некомпетентност да одржува во живот животни чије место не е позади решетки, реагираат од Здружението „Анима мунди“.
Додаваат дека неприфатливо е да исклучително ретки животни на раб на истребување, безумно завршат во субстандардна зоолошка во Македонија – која патем го загуби и кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) – и умрат едно по едно во ист ден.
Потсетуваат дека досега официјалното раководство до моментов се нема произнесено за ништо, што е „рамно на скандал“.
Не реагиравме вчера со цел да добиеме појасна слика за она што се случило. Добивме индиции за тоа дека во Зоо Скопје работи таков кадар, што е можно и самиот да ги убил, отрул животните. Повторуваме, се укажува на можноста вработени поединци сами намерно да одлучиле да ги убијат:
1. Бараме итно да се вештачат снимките од сите камери во ЗОО Скопје, доколку изостанува видео надзор во институцијата, најстроги казни за раководството
2. Бараме информација дали и колку од ветеринарните лица во ЗОО Скопје се доктори специјалисти за лекување на диви животни, доколку такви воопшто има
3. Бараме итна надворешна и независна истрага, аутопсија која не би можела да биде лажирана, го повикуваме донаторот на трите коњи овој пат да ја обезбеди финансиски, за да се превенира во најмала рака и други животни да завршат „донирани“’ на овој начин, во оваа недојдија!
4. Бараме мораториум на внес на нови животни
5. Дивите животни не се украс, атракција и експонати туку живи суштества и со третманот кој што го добиваат во зоолошката градина се единствено изложени на стрес, страв и страдање, неприродни за природниот хабитат од кој примарно потекнуваат. Склони се на самоповредување, бавно умирање, тешка депресија. Не поддржувајте и не посетувајте животни зад решетки и Зоолошки за животни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.