Финансиската полиција следната недела ќе отвори предмет за украсувањето на главниот град за кое градоначалничката Данела Арсовска тврди дека чини само 30.000 евра.

Ова доаѓа откако Арсовска јавно се пофали дека Градот годинава за оваа намена потрошил 30.000 евра, наместо претходните години кога цифрата се движела помеѓу 90.000 и 245.000 евра. Сепак, на веб страницата на Јавни набавки сè уште не е објавен тендерот за украсувањето на Скопје. Токму тоа е и причината зошто Финансиската полиција ќе го истражува целиот случај.

Од Јавното обвинителство велат дека за да постапат, прво Финансиска ќе мора да оформи предмет.

Со оглед на изнесените наводи во конкретниот случај, Управата за финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки, објавува Курир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.